Судот им досуди по една година затвор на три лица за нарушување на јавниот ред во протестите против одлуката за случајот „Монструм“.



Ефективна затворска казна добија Бехар Далипи, Бесар Калиси и Шабан Весели, кои претходно признаа вина. Адвокатите ќе ја обжалат казна.

Двајцата други обвинети, Артан Садики и Фабио Идризи, кои пред судењето се изјаснија за невини, ќе го продолжат судењето во соодветна постапка.

Обвинетиот Бетим Касами го напушти судот поради високата температура, додека другиот осомничен Башким Сула е сè уште недостапен за органите на прогонот.