Црвено црните најавуваат дека попладнево нема да се бранат на Шукру Сарачоглу стадионот, дека нема во Истанбул во реваншот од Лига Европа да тргнат затворено за да ги одбранат скопските 2-0. Тие се идеални за вакви натпревари, два разлика, без примен гол, но жежок терен, преполно гледалиште и најважно, силен противник кому можеби ќе му недостасуваат Ван Перси, Солдадо и Соуза, но во тој долг список на квалитетни и скапи опции секако ќе има состав за пресија во вторите и решавачки 90 минути. Но тоа е проблем на Кочоман, Јаневски го мачи отсуството на Грнчаров и притисокот што ќе го создадат 50 илајди навивачи. Гол е определбата на Чеде, тој е неопходен, а два со голема веројатност би биле доволни за продор во делот во кој ниеден македонски клуб или генерација не биле. Постои и друго сценарио, прво да се забарикадираме, да ги одбиеме неминовните напади и да се обидеме од контри. Се е можно, се е отворено во римечот на Фенербахче и Вардар од 19.30.



Фенербахче според статистиката од сите натпреварувања, дома главно победува, но ретко се случува тоа да е со три разлика, а уште помалку со 4 дадени гола. Затоа на Вардар денеска му е неопходен гол. Тој на двата скопски има двојна вредност.