Не може премиер на држава да се јавува кај полицајци за да пуштат луѓе преку граница пораша претседателката на „Транспаренси интернешнл“, Слаѓана Тасева, во гостување на ТВ21.
Тасева потсети дека има процедури на системот и ако требало да им се помогне на луѓето требаше да се најдат други решенија.
„Не може премиерот да се јави и да им се јавува на полицајците. Макар и да станува збор за граѓанин. Така се прави во сите сфери. Има процедура и таа треба да се почитува од сите. Ако сакаше да се помогне можеше да се најдат други решенија“, рече Тасева.






