Иницијативниот одбор за свикување на Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ групата која во јавноста е позната како “Месен комитет Мериот” според хотелот на главниот иницијатор на оваа иницијатива Сашо Мијалков, се премисли.
На состанокот на групата во која главни актери се екс министерот Никола Тодоров и екс градоначалникот на Аеродром Ивица Конески биле разгледани подготовките за Конгресот закажан за 28 Март во Скопје и била донесена одлука истиот да се одложи.
“Заради влошената епидемиолошка состоба и доцнењето со техничките подготовки, Иницијативниот одбор донесе одлука за одложување на закажаниот Вонреден конгрес.
Иницијативниот одбор навремено ќе ги информира делегатите и јавноста откако ќе се утврди новиот термин”, се вели во соопштението од иницијативата која не прецизира кои се техничките проблеми.






