Министерството за внатрешни работи изврши проверки во врска со набавениот софтвер од Генералниот секретаријат на Владата за „определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни“. За тоа е доставено известување со Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал од каде што очекуваат понатамошни насоки, јавува Радио слободна Европа.
Станува збор за софтвер за кој поранешниот генерален секретар Драги Рашковски го набавил пред 8 месеци од „Инвока груп“ за 81 илјада евра со цел да се инкорпорира во системот „ Безбеден град“ на МВР. Но, МВР децидно посочија дека нити го користат, ниту планираат да го користат затоа што работат на нов проект за таа цел.
Вчера обвинителката Вилма Русковска изјави дека доколку ниту еден орган не преземе дејствија за расчистување на сомнежите за набавката на софтверот поврзан со Драги Рашковски, Обвинителството за гонење на организиран криминал и висока корупција веројатно ќе отвори предмет.
Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиска полиција се органите што треба да откриваат сторители, тие се органи на прогон и ако решат да не постапуваат тоа ќе го сториме ние , изјави Русковска






