In Memoriam
Ricahrd H. Driehaus
1942 – 2021
Минатата недела на 79 години во Чикаго ненадејно почина Ричард Х. Дрихаус, еден од најуспешните инвеститори и филантропи во САД на сите времиња.
Посебно место во неговите филантропски активности заземаше промоцијата и заштитата на културтното наследство , особено на црковното и воопшто сакралното културно наследство, во кое се најде и македонското културно наследство.
Ричард Дрихаус е роден во Чикаго во семејство од ирско потелко.
Одел во католичко училиште и образуван е во духот на христијанските вредности, со отвореност кон другите вери и култури.
Уште во текот на студиите на универзитетот Де Пол во Чикаго се истакнал како посебно надарен за инвестирање и за кратко време се вивнал во самиот врв на најдобрите инвеститори во САД со својот пензиски фонд.
Пред неколку година беше прогласен за еден од најуспешните 99 инвеститори во светот од страна на Вол Стрит.
Благодарание и на филантропските активности Ричард Дрихаус беше прогласен во 2000 година за еден од 25 – те највлијателни инвеститори во светот во последните 100 години.
Филантропските активности на Ричард Дрихаус беа исклучително разновидни, почнувајќи од полето на едукацијата, потоа во борбата против сиромаштијата, во подршка на младите уметници, реновирање и отворање на музеи, отворање на факултет за традиционална архитектура во Универзитетот Нотр Дам во Индијана, а во последните години особено во заштита и обнова на значајни историски објекти во Чикаго и околината.
Активностите на господинот Дрихаус не беа ограничени само на САД, тој работеше и лобираше за заштита на традиционалната архитектиура во Англија заено со Принц Чарлс, подржуваше реставрација на цркви во Словачка и на крај со специјална програма со здружението “Македонида” од Скопје го подржуваше и промовираше македонското културно наследство цела една деценија.
Јас како претседател на “Македонида” дојдов во индиректен контакт со фондацијата Дрихаус потоа и со Ричард лично, уште во 2006 година во Чикаго кога предавав стандарди за заштитата на културното наследство – предмет на познатата Уметничка Академија за Уметности во Чикаго – School of the Art Institute of Chicago.
Така по едно мое излагање ми пријде Професорот Ралф Ахилес, историчар на уметност, и главен консултант за културните проекти на Господинот Дрихаус.
Со Професорот Ахилес станавме добри пријатели, тој дојде во Македонија како наш гостин и ни помогна да добиеме грант од фондацијата Дрихаус за издавње на ескслузивна книга водич за Скопје и Скопско, која го виде денот во 2010 година. Оваа соработка продолжи и со фондацијата Дрихаус и со директна подршка на Ричард Дрихаус реализиравме цела низа на проекти:
Издание на книгата – водич – Седум споменици на културата во Скопје и Скопско на англиски јазик – во 2010 година – Оваа книга беше издадена и на македонски и на француски јазик со подршка на фондацијата Шлумберже од Франција; Изданието на англиски јазик беше најбарано и беше повторно издадено во 2014 година,
Во 2011 година продукција на документарен филм – Заштита на сакралното културно наследство на Република Македонија – . Филмот беше прикажан на фестивали во Бугарија и во Италија а на фестивалот во Апатин, Србија во 2012 година доби III награда за најдобар документарен филм,
Издание на книгата – водич – Седум средновековни цркви во Република Македонија – на англиски јазик во 2014 година. Оваа книга доживеа најголем успех и направивме репринт во 2020 година,
Издание на кигата – водич – Седум цркви во Пелагонија, Мариово и Преспа – на англиски јазик во 2019, премиерно издание за повеќето од овие цркви,
Во март 2020 година непосредно пред Ковид пандемијата “Македонида” доби поголем грант лично до Ричард Дрихаус за повеќегодишна студија – Поставување на регистер и веб сајт за Византиските цркви во Македонија – На овој проект почнавме со работа неодамна.
Ја имав таа привилегија во 2012 година, пак по повод едно мое предавање во Чикаго во познатата Балска сала на Арт Институт изградена во 1902 година, во која потоа е сниман филмот Големиот Гетсби, да го запознам лично Ричард Дрихаус и заедно со Професорот Ахилес да поминам цел ден и цела вечер во негово друштво.
Ричард беше голем човек, начитан – знаеше сѐ за Македонските цркви, за Скопје и за проектот Скопје 2014 , со многу хумор, но пред се беше едноставем, и многу великодушен.
Тој сакаше да ја посети Македонија, но за жал македонските власти немаа слух ни разбирање за значењето на подршката на Ричард Дрихаус за Македнија во светски рмки и не му упатија официјална покана за посета…
Почивај во мир Ричард, нека ти е лесна земјата

д-р Панче Велков, Претседател на “Македонида”
ФОТО Ричард Дрихаус: Извор Јутјуб






