Србија потпиша договор со кинеската „Синофарм“ за набавка на нови два милиони вакцини.
На потпишувањето присуствуваше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, заедно со амбасадорот на Народна Република Кина, Чен Бо.
Како што беше објавено од Претседателството, Вучиќ разговарал преку видео врска со раководството на компанијата „Синофарм“ за процесот на набавка на вакцини, за изградбата на кинеска фабрика за вакцини во Србија, како и за изградба и опрема на српските болници.






