Има ли корупција во „Антикорупциска“ – Пишува Горан Момироски

Антикорупциската комисија направила битни пропусти при објавување на јавна набавка на регистар на именувани лица по што го поништила тендерот.



Со набавката Антикорупциската комисија требаше да добие регистар на избрани и именувани лица, електронско доставување на изјава за имотна состојба и интереси, нивно објавување, систем за прибирање на податоци од други институции, нивна обработка, модул за менаџирање со документи и одржување на целокупниот систем

Во информацијата за причината за поништување на својата сопствена постапката Државната комисија за спречување корупција оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци поради што ја поништила постапка за набавка.

Антикорупциската комисија не открива кој или кои се луѓето што направиле битни пропусти во тендерската постапка.

Во текот на денот според извори во Антикорупциската комисија не е покрената прекршочна или кривична постапка против лицето или лицата кои свесно или несвесно направиле важни пропусти.

Правење битни пропусти во постапката е индиција за несовесно работење или злоупотреба на службена положба која се гони во повеќе ставови од членот 353 од Кривичниот законик.

Доколку битните пропусти не се направени поради коруптивни дејствија и обид да се намести тендерот туку се однесува на неспособност или незнаење на менаџментот на Антикорупциската комисија прашање е дали некој ќе преземе морална одговорност за направените битни пропусти од страна на државниот орган кој треба да биде главниот столб во битката со корупцијата.

Сите информации за тендерот:

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

Број на огласот за кој се однесува известувањето: 00123/2021ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН

I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган: Државна комисија за спречување корупција
I.1.2) Адреса: Даме Груев бр. 1
I.1.3) Град и поштенски код: Скопје 1000
I.1.4) Интернет адреса:
I.1.5) Лице за контакт: Билјана Каракашова Шулев , адреса на е-пошта:b.karakashova@dksk.org.mk телефон/факс: 02 3248 937/I.

2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Државни органи – Општи јавни услуги
I.3) Предмет на договорот за јавна набавка:
Набавка за изработка на регистар на избрани и именувани лица, електронско доставување на изјава за имотна состојба и интереси, нивно објавување, систем за прибирање на податоци од други институции, нивна обработка, модул за менаџирање со документи и одржување на целокупниот систем

ДЕЛ II: Информации за поништувањето
II.1) Известувањето се однесува за:Поништување на дел/делови: НеПоништување на постапка: Да

II.2) Информации за причината за поништување на постапката:оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци

Дополнителна причина : предвидениот начин и сооднос на дефинирање на најдобар однос помеѓу цена и квалитет не е дефиниран на начин што договорниот орган ќе добие гаранција дека економскиот оператор има капацитет квалитетно да го изработи проектот во дадениот рок, како и во Техничката Документација не се содржани податоци за техничката инфраструктура која ја поседува договорниот орган а ќе биде користена за софтверското решение.

II.3) Датум на објава: 16.03.2021