Британскиот министер ја брани оксфордската „Астразенека“

Откако неколку земји привремено ја прекинаа вакцинацијата со вакцината Астразенека против ковид-19, се огласи и британскиот министер за здравство.



Станува збор за вакцината Оксфорд, а причините за привремено прекинување на вакцинацијата со оваа вакцина се случаи на несакани ефекти, главно формирање на тромби.

Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, за Би-Би-Си изјавил дека британската вакцина е апсолутно безбедна. Тој апелираше луѓето да ги слушаат надлежните регулаторни тела и да се вакцинираат веднаш штом се појави можност.

„Знаеме дека вакцината Оксфорд-Астразенека спасува животи во Велика Британија. Низ ЕУ и Велика Британија, вакцина Астразенека примија 17 милиони луѓе, а од таа бројка само 40 пријавија проблем со згрутчување на крвта.