Комисијата за заразни болести претпладнево заседава за можноста за воведување нови рестриктивни мерки.
„На состанокот ќе се анализираат трендовите и инциденцата по региони како и бројот на хоспитализирани. Засега не можам да ви кажам дали ќе имаме нова препорака до Владата или не“, најави вчера министерот Венко Филипче
Министерот закажа прес-конференција денеска во 11 часот и се очекува на неа да ги соопшти одлуките донесени на седницата.





