Градоначалничката на Арачиново, Милитие Халими, вели дека тоа е рурална општина која пред да дојде таа било запоставено од претходните градоначалници и претходните влади управувани од ВМРО-ДПМНЕ.
Во одговор на прашање на ТВ 24 зошто во општината не се плаќа данок на имот, Халими објаснува:
„Општина Арачиново за жал има и голем број на корисници на социјална помош. Секако проблемите со дивоградбите од минатото и финансиската неможност на семејствата за легализација влијаат врз собирањето на данокот.
Ние како општина аплицираме за сите отворени проекти и фондови“, изјавила градоначалничката како што пренесува ТВ24.
Арачиново, инаку, ќе добие помош од половина милион евра за патна инфраструктура






