Рашковски и семејството вчера преку ВИП заминале кон Мексико

Извори во Службата за заеднички работи на владата кои инсистираат на анонимност поради страв од реваншизам неофицијално информираат дека екс генералниот секретар на Владата и актуелен секретар во кабинетот на премиерот Заев, Драги Рашковски во текот на вчерашниот ден со семејството заминал во правец на Мексико.



Официјално од владата нема формална потврда за оваа информација која не му беше позната ниту на премиерот Заев.

Тој по враќањето од Луксембург изјави дека дури во текот на утрешниот ден ќе проверува каде е секретарот во неговот кабинет кој има задача да врши мониторинг на реформите на повеќе полиња.

Според изворите на expres.mk Рашковски со семејството и поголем багаж заминал преку ВИП салонот на скопскиот аеродром од каде патуваат само високи државни претставници.

Доколку се работи за приватно патување патниците плаќаат високи дополнителни суми за користење на ВИП салонот.

Листата на патниците кои патуваат преку ВИП салонот е достапна на Владата и премиерот кои со еден телефонски повик или проверка со државните институции активни на скопскиот аеродромот можат да видат кој патувал и каде.