„Васил Гарванлиев на Песна за Евровизија не се претставува себеси како Македонец и Бугарин. Ниту го претставува „струмичкиот дух”. Тој ја претставува нашата држава. Со новото име – Северна Македонија. Неговиот настап не го плаќаат ни Бугарија, ни Струмица, ни СДСМ, туку македонските даночни обврзници. Затоа е официјален претставник.



Исто како и струмичанецот Горан Пандев, кога игра за македонската фудбалска репрезентација. Тој тогаш е Македонец и не вели дека е Италијанец и дека некоја негова баба е по потекло од Калабрија. А човекот има италијанско државјанство. И има право да се чувствува и како Италијанец. И има право да има дури и баба од Калабрија.

Јас така го разбирам „струмичкиот дух”. Двајцата струмичани се успешни интернационалци (како и многу други пејачи и фудбалери по белиов свет), но кога официјално ја претставуваат својата држава, тие се само горди Македонци. Тоа ли некому не му одговара? Тоа ли е шовинизам?“

Од колумната на новинарот Бранко Героски за Плусинфо