Министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи соопшти дека презел конкретни чекори за расветлување на случајот со родилката од Дебар на која, при породување во струшката болница, и биле отстранети три органи.
„Денеска формирав петчлена комисија да изврши стручен надзор во ОБ во Струга, поврзано со лекувањето на пацинетката од Дебар.
Од членовите на Комисијата барам да утврдат дали имало неправилности или пропусти во вршењето на стручната работа, а особено во однос на спроведувањето на стручните упатства и условите и начинот на укажување на здравствена заштита на пацинетката.
Комисијата е составена од 5 члена, професори и лекари од неколку Универзитетски клиники во Скопје, правник од МЗ и од ДСЗИ.
Никој нема да биде поштеден од одговорност“, напиша министерот за здравство на Фејсбук.





