Македонскиот претставник на песната на Евровизија за лани и за оваа година Васил Гарванлиев стана предмет на контроверзи околу неговот бугарски пасош и изјавата дека е роден во Струмица “од другата страна на земјата”.
Она што јавноста помалку ја интересира е каков музичар испраќа Македонија на најважниот европски музички натпревар и како дошло до ситуација Гарванлиев кој е роден и израснал во Струмица да ја преставува земјава на Евровизија.
Токму струмичкото потекло и неговите фотографии со премиерот Заев и портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов фрлаат сомнеж на политичката позадина на неговиот избор на сметка на музичките квалитети кај Гарванлиев.
Ако се спореди со македонските легенди како Тоше Проевски, Каролина Гочева, Калиопи, Владо Јаневски и повеќе други кои беа наши претставници а некои од нив мораа да победат на македонскиот избор Гарванлиев кој е релативно непознат за македонската јавност многу лесно дошол до Евровизија.
А притоа не може да се пофали ниту со некој хит ниту со голем музички опус.
Гарванлиев бил актуелен меѓу детската публика пред 27 годни кога на детски фестивал ја испеа познатата песна “Марионка”.
Од тогаш досега, за цели 27 години Гарванлиев испеал само 8 негови песни од кои ниту една не може да се вброи во значајни музички дела.

Според официјалниот опис за него на интернет Васил Гарванлиев, е македонска ѕвезда и чудо од дете, солист за хор, класичен оперски пејач и поп-пејач.
Тој според постот за него на Википедиа е познат и само како Васил.
“Тој требаше да ја претстави с. Македонија со песната „Ти“ на Евровизија 2020 во Ротердам пред да се откаже настанот.
Роден: 2 ноември 1984 година (возраст од 36 години), Струмица
Жанр: поп музика, опера, класична музика, поп”
На неговиот официјален Јутјуб канал има само 6 негови песни
https://youtube.com/channel/UCN60TALxj3dKCb17c0xivVw






