„Заев ми вети дека во редовите на единицата „Тигар“ ќе бидат вработени и Албанци, и тоа е добро, покажуваме дека државата е заедничка на сите што живееме тука“, изјави првиот вицепремиер Артан Груби во гостување на ТВ 21.



Вели дека во минатото имало Албанци во единицата, но се откажале.

Според Груби, неговото присуство наодбележувањето на 40.годишнината од формирањето на единицата „Тигар“, е добар знак за напредок и оти време е за помирување.