Во Гостивар се врши увид на местото каде утринава избувна пожар во станбена зграда во кој загина едно седумгодишно дете.
„Првичните сознанија на лекарскиот тим на лице место упатуваат на тоа дека детето за време на пожарот било врзано со ланец на нозете.
Според исказот на семејството, причина за врзувањето било што детето било агресивно. Обвинителството ги презема сите дејствија за утврдување на евентуална кривична одговорност“, се наведува во соопштението.






