Што и кој го штити екс генералниот секретар на влада да биде сменет од своето место во кабинетот на премиерот Заев е прашањето што го поставуваат многумина откако се покажа дека Драги Рашковски по случајот Леонардо вреден 7 милиони евра бил дел од неколку други сомнителни тендери.
Лидија Димова беше разрешена по само една прес-конференција на ДКСК, нотира Миша Поповиќ, постар истражувач во Институтот за демократија на теми поврзани со антикорупција
Каков дополнителен доказ треба да прикаже редакцијата на „360 степени“ за актуелниот секретар во владиниот кабинет Драги Рашковски да биде сменет.
Ова е само еден од коментарите на социјалните мрежи за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци, кој го набавил Рашковски во времето кога беше генерален секретар на Владата.
Миша Поповиќ, постар истражувач во Институтот за демократија за теми поврзани со антикорупција, прави споредба со брзото разрешувањето на Лидија Димова од директорската функција во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
„Владата ја смени Лидија Димова после една прес-конференција на ДКСК. Јас не знам што треба редакцијата на ‘360 степени’ да направи, кој дополнителен доказ да го прикаже во случајот, за Драги Рашковски за да биде сменет“,
напиша Поповиќ на Фејсбук.
Пред една недела беше објавена првата сторија поврзана со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци во вредност од 81 000 евра, кој Рашковски го набавил за потребите на Министерството за внатрешни работи, а оттаму велат дека ниту знаеле дека таков софтвер е набавен ниту, пак, им треба.
Рашковски лично развил софтвер за сообраќајни казни пред да го купи како генерален секретар на Владата
Подоцна се откри дека токму Рашковски е автор на таков сличен софтвер, а во третата од низата стории на оваа тема објавени се нови спорни околности околу овој случај.
Драги Рашковски по потекло е од Струмица и се смета на дел од моќното Струмичко лоби во Владата.
Повеќе на 360 степени






