„Сите противречности меѓу Бугарија и Република с. Македонија мора да се испеглаат. Следните генерации нема да ни простат што ја испуштивме оваа голема можност “, му порачал бугарскиот премиер Бојко Борисов на министерот Бујар Османи на денешната средба на социскиот аеродром, јави БГНЕС.
Премиерот Борисов бил категоричен дека Македонија и Албанија не можат да бидат одложени на нивниот пат кон ЕУ, па затоа мора да се решат разликите меѓу Бугарија и Македонија.
„Значи, и вие и јас треба да се подготвиме за преговори за разум, а не за емоции, за да можат нашите соседи да бидат во Европската унија. Геостратешката цел на Бугарија е ова, прашање е да се најде политичката волја и на нас и на вас “, му рекол премиерот Борисов на Бујар Османи. Борисов укажал дека двете страни треба да го следат патот на дипломатијата и разбирањето.
„Хероите кои загинаа за слобода не можат да бидат предмет што не дели. Бидејќи нивниот најдлабок сон беше да бидат заедно и затоа ги дадоа своите животи. Значи, вие треба да бидете мост на пријателството, а не на поделба “, беше цитиран од Борисов владината прес-служба.
Инаку, министерот Османи денеска објави дека патува во работна посета на Швајцарија и Шпанија, и дека имал средба со Борисов на аеродромот во Софија.






