Блумберг направил анализа и интерактивна мапа за следење на процесот на вакцинација до сега. Македонија е на 118 место од 122 држави. На дното од дното. Пето место, но од назад. Срамота и греота, објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
„Кога ја читаат анализата низ светот ќе мислат дека сме држава во субсахарска Африка, затворени и изолирани од светот, а не држава во срцето на Европа чиј сосед Србија на истата таа листа е во врвот со 2 милиони вакцинирани и скоро 30 отсто од населението имунизирано.
Пред нас се сите.
Албанија, Бугарија, Грција, а да не зборуваме и за Хрватска и Словенија. Заев, Филипче, добро бе луѓе, нели ви е срам кога се читате на Блумберг, заради вас државата ни е за потсмев. Македонија е на дното по број на вакцинирани, полоши од нас се само Египет, Уганда, Св. Хелена и Екваторијална Гвинеја“, вели Мицкоски.
Тој додава дека и Црна Гора и Словенија и Луксембург и Малта и многу други држави се или помали од нас или со иста големина, а веќе имаат десетици или стотици илјади вакцинирани.






