На повидок „кавга“ околу вакцини меѓу ЕУ и САД

Премиерот на германската покраина Баварија, Маркус Зедер, ги критикуваше американските власти за прекин на испораката на вакцините АстраЗенек во Европа.



Затоа, тој побара од ЕУ да забрани извоз на вакцини произведени во Европа.

„Не може вакцините постојано да ја напуштаат Европа, а САД да ги зкладира вакцините што Европа ги чека“, рече Зедер.

Според него, потребно е да се разговара со американската влада за тоа, бидејќи, како што рече, таа тема припаѓа и на добрите трансатлантски односи.

ххх