ЕУ официјално ја отфрли вакцината „Спутник V“ и ја прогласи за непожелна, но зад очите на јавноста, официјален Брисел се свртува кон таа вакцина, дознава Ројтерс.
Имено, Брисел мора да спроведе имунизација на 450 милиони граѓани на ЕУ и да го врати животот во нормала, поради што Унијата има помалку простор за маневар.
Официјален претставник на ЕУ вклучен во преговори за набавка на вакцини со фармацевтски компании изјави дека земјите-членки на ЕУ размислуваат да започнат преговори со производителите на Спутник В врз основа на барање од четири земји-членки: Унгарија и Словачка, кои веќе набавиле руски вакцини, Чешка, која изрази интерес, а европските власти потврдија дека Италија планира да започне со производство на „Спутник V“.
Европската агенција за лекови досега одобри употреба на вакцини од четири производители, но имунизацијата во ЕУ се одвива бавно поради недостатоците во производствениот процес.
Доколку „Спутник V“ биде одобрен во ЕУ, тоа ќе биде голема дипломатска победа за Русија, која веќе една година е погодена од трговски санкции од Брисел поради анексијата на Крим и поддршката на проруските сепаратисти во источна Украина, според Ројтерс.






