Џесика Стојковски реизбрана во Парламентот на Западна Австралија

Македонската снаа Џесика Стојковски освои уште еден четиригодишен мандат како пратеник на Лабуристичката партија во Законодавното собрание на австралиската сојузна држава Западна Австралија од изборната единица Кингсли во Перт.



„На луѓето од Хамерсли, Ворвик, Гринвуд, Кингсли и Вудвал – им благодарам. Сега назад на работа“, порача сопругата на Македонецот Силјан Стојковски и мајка на две деца.

Џесика Стојковски на Годишната национална конференција на Лабуристичката партија за Западна Австралија во 2017 година предложи резолуција, која помина безрезервно, со која се повикува Сојузната влада на Австралија да ја признае Македонија како Македонија, а не како „поранешна Југословенска Република Македонија“.

За нејзината поддршка за македонската кауза и на Македонците во Австралија, Светскиот македонски конгрес на своето Генерално собрание на 5 август 2017 година во Скопје ѝ го додели своето највисоко признание – почесната титула „македонски сенатор“.