Македонија е на списокот од 46 земји што ја потпишаа заедничката изјава на Советот за човекови права, со која се повикува Руската Федерација „веднаш и безусловно да ги пушти Алексеј Навални и сите лица лишени од слобода незаконски или самоволно“.
„Апсењето на Навални и дополнителното изрекување на казната е засновано на претходната пресуда што Европскиот суд за човекови права ја прогласи за произволна и очигледно неразумна. Тоа се случи во контекст на обидот да се отруе овој руски државјанин, а тој настан сè уште не е правилно истражен и веродостојно објаснет“, се вели во изјавата потпишана во рамките на 46. седница на Советот за човекови права.
Покрај Македонија, меѓу потписниците се и Албанија, Хрватска, Црна Гора, Франција, Германија, Велика Британија, САД итн.






