Еден од водечките македонски експерти по кривично право професорот на правниот факултет во Скопје Гордан Калајџиев не може да ја разбере правната логика по која е приведен бизнисменот Јордан Камчев.
Калајџиев се прашува и себе си но поставува прашање и до властите и правосудните органи како е можно тајна служба да се занимава со нешто што не смее да е во нејзин делокруг на работа а од процесот на апсење да е елиминирано јавното обвинителство.
“(Се) прашувам по кој правен основ тајната полиција АНБ се бави со осомничени за криминал?! И кој наредил приведување на Камчев без да има барање на Јо?!”, прашува Калајџиев.






