Орце Камчев добил 30 дена притвор поради службена белешка направена од агент на Агенцијата за национална безбедност, тврдат извори упатени во процесот на приведување и одредувањето притвор на бизнисменот.
Експерти по кривично право тврдат дека доколку се покаже дека Камчев е притворен со белешка на службеник на АНБ тоа е грубо кршење на основните човекови права и слободи и на крајот извесно е дека Камчев не само што ќе го добие предметот пред македонскиот суд туку ќе има можност да го добие и спорот во Стразбур.
Сомнежи и анализи како причини за можно бегство без да се прикажат материјални докази за обид за бегство не смеат да будат прифатени од судот при одредување притвор особено ако се работи за осомничен што досега не давал знаци дека може да избега, тврди упатениот извор кој вели дека доколку овие претпоставки не се исполнети може да одговараат и агентот на АНБ, неговите шефови, обвинителот и судијата инволвирани во случајот.
Во вакво сценарио одговорните ќе треба да ги покријат трошоците за сите правни процеси за случајот вклучително и оштетета што државата ќе мора да ја плати на оштетениот.






