…За жал, младиот струмичанец заборава на чувствата на граѓаните на државата што официјално ја претставува. Македонците кои немаат бугарско државјанство и самосвест за своето бугарско потекло каква што има тој – а тие Македонци сепак се огромно мнозинство! – во последниве месеци се соочуваат со бран на жестоки оспорувања од официјална Бугарија. Затоа, тие сигурно не се среќни да го гледаат својот евровизиски претставник со бугарското знаме на спотот и во срценце во телевизиското интервју.
Од тие причини, официјалниот организатор на настапот на Македонија на Песната на Евровизија треба сериозно да објасни што е мотивот за ова неслучајно, упорно и нагласено инволвирање на бугарштината во музичкиот настап што треба да ја прикаже нашата земја во најдобро светло пред стотици милиони гледачи.
Дали некој сака да ни порача дека освен заедничка историја (за која гледаме дека всушност е бугарска и дека како таква мора да биде усвоена и кај нас), ние Македонците и Бугарите сега имаме и заеднички кандидат за Песна за Евровизија“?
Од колумната на новинарот Бранко героски за Плусинфо






