Македонскиот претставник на песната за Евровизија Васил Гарванлиев кој деновиве ја испровоцира јавноста со боите од бугарското знаме на евровизискиот спот, имал и бугарско државјанство, пишува Плусинфо.



Во ТВ интервју, Гарванлиев кој е од Струмица, објаснува дека освен македонски има и бугарски пасош кој го добил затоа што неговата баба била Бугарка и имал далечни роднини во Бугарија.

Во изјавата Гарванлиев вели дека е роден во Струмица која се наоѓа од „другата страна на земјата”, а според негово објаснување, постои една земја која е поделена на две страни а тој е роден на „другата страна”.