СДК: Шест висококатници и градинка под земја пред Холидеј ин!

Градинка под земја предложиле од планерската куќа „Билд урбан“, која го прави Деталниот урбанистички план (ДУП) за просторот кај „Холидеј ин“ во Скопје.



За да има инвеститорот повеќе простор за згради и деловни објекти, планерите смислиле децата кои ќе живеаат во овој дел осум часа во денот да бидат под земја, без зрак светлина и сонце, дознава порталот СакамДаКажжам.

Планерите несакајќи да трошат парцела за јавна установа и за да имаат повеќе простор за згради, како што велат од Комисијата за СДК.МК нацртале мултифункционален простор под плоштадот кој треба да се предвиди во овој дел и во рамките на него да има и градинка.

Членовите на Комисијата остро реагирале на овој изум на планерите, не го прифатиле предлогот и им било наложено да нацртаат маркичка за градинка во рамките на парцелата која е доволно голема и без проблем таков објект може да биде предвиди.