Православните христијани денеска Прочка го пречекуваат последниот ден од покладите и од утре ги започнуваат постите најголемиот христијански празник – Велигден.
Постот значи не само откажување од мрсна и обилна храна, туку и контрола на страстите, и откажување од алкохол.
Во текот на посебниот чин на проштевање, кое на овој ден се одвива во сите храмови, свештенослужителите читаат молитви за Господ да им помогне на луѓето достојно да го одржат Великиот пост.
Велигденскиот пост (или Великиот пост, како што го вика народот) е најстрог и најдолг. Трае од Прочка до Велигден. Тука се 40 дена (Четириесетница), од Чист понеделник до Лазарева сабота и уште Страстната недела од Цветници до Велигден, вкупно 48 дена.






