Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев својата добра форма сезонава ја потврди против Удинезе, постигнувајќи гол за Џенова во ремито 1:1 на домашен терен во Серија А.
Капитенот на репрезентацијата на Македонија го отвори резултатот во 8. минута, кога одлично се снајде пред голот на гостите и погоди од свртување. Судијата отпрвин го поништи голот, но по прегледувањето на снимката ја промени својата одлука.
За 37-годишниот струмичанец ова е четврти првенствен погодок сезонава, вкупно 98. во италијанската елитна конкуренција.
Последните девет минути за Удинезе ги одигра соиграчот на Пандев од националниот тим Илија Несторовски.
Голот на Пандев е по 28 секунди од почетокот на видеото:






