Македонскиот претставник на Евровизија е горд бугарски државјанин (ВИДЕО)

Македонскиот претставник на песната за Евровизија Васил Гарванлиев кој деновиве ја испровоцира јавноста со боите од бугарското знаме на евровизискиот спот е бугарски државјанин.



Во ТВ интервју Гарванлиев на прашање во врска со државјанство на Македонија тој со гордост кажува дека е граѓанин и на Бугарија.

Гарванлиев кој е од градот од каде доаѓа премиерот Заев објаснува дека освен македонски има и Бугарски пасош кој го добил затоа што неговата баба била Бугарка и имал далечни роднини во Бугарија.

Она што шокира во изјавата на Гарванлиев е тој не зборува за две земји или две држави туку неговото објаснување дека е роден во Струмица која се наоѓа од “другата страна на земјата”.

Според неговото објаснување кое се слуша во видеото за Гарванлиев постои една земја која е поделена на две страни а тој е роден на “другата страна”.

Предходно Гарванлиев по реакциите на јавноста мораше да го промени спотот на кој се гледаат боите на бугарското знаме.

Кој ги тоа измести боите на делото на Вангели за спотот на Гарванлиев?