Груевска-Маџоска: Албанија не мора во пакет со Македонија. За тоа сменивме име и нѐ бугаризираат?

Професорката Симона Груевска-Маџоска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје реагира за изјавата од еврокомесарот Оливер Вархеји дека Албанија е подготвена за старт на преговорите со Европската унија, а Македонија прво мора да го реши спорот со Бугарија.