Димовски со 8 едноставни прашања за вакцините до власта

Поранешниот пратеник Илија Димовски на социјалните мрежи сподели 8, според него, едноставни прашања до власта на кои очекува одговор.



„…Ајде вака, најдобро за сите…Дајте одговор на овие неколку прашања и сите обвинувања и магла ќе паднат лесно…Но, тоа под услов ако воопшто имате што да одговорите…

1. Дали имате било каков договор за набавка на вакцини?

2. Дали имате договор со било кој од производителите?

3. Кога ќе ги објавите договорите јавно?

4. Со кој или кои од производителите имате договор?

5. Кога, на која дата е\се потпишани тие договори?

6. За колку вакцини?

7. Во кој рок?

8. По која цена?

Во постскриптум на објавата споделена на Фејсбук, Димовски додава „Се личи како да сеуште немате ниту еден договор со било кој производител…