„Фаталниот исход се случил за 57 годишната жена во нејзиниот дом. Изутрината во 03 часот. Вакцинацијата е извршена вчера во 12 часот. Жената дошла дома без никакви поплаки. Но утрото почнала да чувствува потешкотии во дишењето. Повикана е и итна помош. Но кога тие пристигнале останало само да констатираат смрт. Сега има многу прашања. Чекаме да заврши аутопсијата. Сепак сакам да им стане јасно на сите. Ова е превентивна мерка за да сме сигурни дека по седум дена откако ќе излезе заклучокот на судска мнедицина. Да го кажеме конечното решение дали ќе продолжиме со вакцинацијата со Астра Зенека“ – изјави Костадин Ангелов министер за здравство на Бугарија.



Хрватската агенција за лекови и хрватскиот Завод за јавно здравје испитуваат случај на смрт поврзана со згрутчување на крвта по примањето на вакцината од „Астразенека“ кај 91 годишна жена.

Белгија денеска извести дека се идентификувани два сомнителни случаја на тромбоза по вакцинирање со АстраЗенека, но вакцината засега нема да биде повлечена. Случаи на тромбоза беа детектирани во Данска, Австрија и други европски земји по вакцинација со АстраЗенека.