Два силни земјотреса вечерва ја стресоа Македонија

Два силни земјотреса со епицентар кај Мавровско Езеро, во временски интервал од 11 минути помеѓу нив, предизвикаа вознемиреност вечерва во Македонија.



Првиот со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала и на длабочина од 10 километра се случи во 22:17 часот.

Вториот во 22:28 ч. беше со јачина од 4,2 степени, според Европско-медитеранскиот сеизмички центар (ЕМСЦ).

Двата силни земјотреса беа најавени со нешто послаб од 3 степени по Рихтер во 20:40 ч., со епицентар исто така кај Мавровско Езеро.