Ги знае ли Пендаровски резултатите од пописот предвреме?

Големите држави со стотици милиони жители имале предност во набавката на вакцини од „Фајзер“, а компанијата не разговараат со држави кои имаат помалку од два милиони жители, објави претседателот Стево Пендаровски во вчерашното гостување на ТВ21.



“Да споделам една коресподенција која јас и еден од нашите министри ја имавме со најголемата компанија „Фајзер“ пред Нова Година, кога се обративме во седиштето. Прво не прашаа која е големината на потенцијалните консументи, и кога кажавме дека сме околу два милиони луѓе, разговорот брзо заврши. Рекоа дека во овој момент имаме неверојатно навалување на држави со стотици милиони жители. Така била политиката, да не разговараат со држави помалку од 2 милиони жители”, рече Пендаровски кој додаде дека системот Ковакс потфрлил.

По изјавата на Пендаровски се отвора дилема зошто тој се согласил со ваквата бројка со Фајзер и од каде претседателот знае дека Македонија има помалку од 2 милиони жители.

Официјалната последна бројка на граѓани на Македонија според државниот завод за статистика е над 2 милиони луѓе.

И бројките од странски извори се над 2 милиони население.

Изјавата на Пендаровски отвора посебна дилема околу резултатите од пописот кој што се уште не се случил.

Согласувајќи се со ставот на Фајзер дека имаме помал број на жители од 2 милиони Пендаровски отвора сомнежи дека тој ја знае големината на населението уште пред тоа да биде преброено на пописот.