Оливер Вархеји, еврокомесарот за проширување на Европската унија (ЕУ),порача „Македонија да го одржува темпото на спроведување на реформите, но важно е брзо да се најдат заеднички прифатливи решенија за билатераните прашања со Бугарија“.



За Албанија рече дека се исполнети сите услови, а за Македонија:

„Комисијата смета дека за првата меѓувладина конференција со Албанија за почеток на преговорите со ЕУ се исполнети сите услови, благодарение на важните реформи во изборниот закон, владеење на правото и во судскиот систем, вклучувајќи го и ветингот на судиите и обвинителите. С. Македонија го одржува темпото на спроведување на ЕУ реформите, но важно е брзо да се најдат заеднички прифатливи решенија за билатералните прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија“, рече Вархеји во обраќањето на Економскиот форум што се одржува во Тирана, кое целосно е објавено на официјалната веб страница на Европската унија.

Македонија од лани во декември има вето од Бугарија со образложение од Софија дека Скопје не го почитува Договорот за добрососедство.