На социјалните мрежи се споделува видео од револтирани граѓани дека непознато лице во влез од зграда во Тетово прска со непозната течност и бега.
Според објавата, тие пријавиле во полиција и апелираат доколку некој го препознае лицето да ги контактира.
„Ова говедо денеска во 19.30 часот во влезот на зградата каде што живеат преку 300 лица каршија Спортски центар прска со непозната супстанца на вратата и бега. Пријавен е во полиција и доколку некој го препознае слободно да ме контактира. Ѓубре едно кој знае со што прскал и од кои мотиви загрозува 300 станара (64 стана) споделувајте“, напишал еден од станарите на зградата на својот фејсбук-профил.
Видео од надзорна камера на следниот ЛИНК





