Премиерот Зоран Заев и директорот на Агенцијата за млади и спорт и поранешен ракометен репрезентативец Наумче Мојсоски во своите честитки го „заборавија“ името на државата во која се на функција и која направи сензација против светскиот и олимписки шампион Данска, и двајцата идентификувајќи ја Македонија само со државното знаме.
Мојсоски, пак, на своите некогашни соиграчи им се обрати преку Фејсбук:
„Вечерва маестрално ја победивме ракометарската репрезентација на Данска, со што македонските ракометари заблескаа во полн сјај со неверојатна игра! Честитки за селекторот Кире Лазаров и за сите ракометари!“, напиша ексракометарот што при интонирањето на македонската химна пред настапите на националниот тим на срцето го правеше со прстите знакот за обединета Македонија.
https://www.facebook.com/naumcemojsoski/posts/261756655506088






