„Единствени кои можат да предложат одложување на пописот поради Ковид-от е Комисијата за заразни болести, ако оценат дека ситуацијата е таква да не може да се контролира, треба да дадат препорака до Владата за да се донесе таква одлука“, вели директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски.
Тој вели дека процедура е таква и оти Комисијата одлучува за тоа, а дека Државниот завод за статистика (ДСЗ) во тој дел не може ништо да влијае.
„Ако даде препорака, оди во процедура, на Кризниот штаб, па на Влада. Меѓутоа за да ние евентуално одложиме треба на крајот да се промени и Законот, што значи измена на законското решение, а тоа е огромна процедура“, оценува Симовски.





