Според италијанскиот весник авансот даде од Македонија за набавка на вакцини одКина бил вратен поради тоа што македонската фирма задолжена за набавката се обидела набавката да ја посредува преку фантом фирма со седиште во Хонг Конг, која е наведена исто така во сите официјални писма на министерот, пишува Инфомакс.мк.
Фактот што приватна фирма, која според првични анализи нема стабилни темели била вклучена од страна на македонската влада во посредувањето, создал сомнеж кај официјален Пекинг дека можеби се наоѓаат пред обид за измама, и тоа донело до поништување на процедурата пишува порталот кој открива дека податоците кои Ла Верита денеска ги објави се дадени од српските разузнавачки служби поточно БИА која има одлична соработка со службите на НР Кина.
“Oткако Кинезите ја разбиле шемата тие ги брифирале своите српски колеги поради фактот што во сопственичката структура на посредничката фирма од Македонија имало и странски државјани кои се предмет на интерес на БИА па така „шемата“ со провизиите помина неславно.
Информацијата пак од БИА стигнала до италијанските новинари.
Имено македонската компанија која била задолжена за набавката на вакцините на Синофарм oд страна на министерството за здравство, ЕДИЦ Фарм АС е формирана во 2020 година на 29.04 во екот на пандемијата на коронавирусот со влог од 310 илјади денари”, пишува Инфомакс.

Според документите фирмата е во сопственост на српски државјанин Александар Михаиловиќ oд Белград, Драган Новаковиќ исто така српски државјанин и Драган Петровски и Јован Ѓорѓиоски македонски државјани.
Порталот го поставува прашањето зошто ако не за провизии, за посредник при ваква сериозна набавка на вакцини во време кога тие се повредни од злато се дава на фирма која постои неполни година дена.
Според сознанијата на Инфомакс.мк оваа македонска фирма со српски капитал за посредник во набавката на вакцини ја одбрала фантом фирмата од Хонг Конг која го вклучила алармот кај кинеските власти кои поради српските државјани во сопственичката структура ја информирале БИА.
Гореспоменатите српски државјани се интересни и се следени од српските служби поради сомневања за сериозен криминал.
Да не заборавиме дека соработка со спорни компании во македонското здравство не е изолиран случај.
Компанијата „АХР ЛАБ увоз – извоз ДООЕЛ“, која пред околу две години доби тендер од 35 милиони евра за набавка на апарати и реагенси за испитување на крв иако постоеше само 4 месеци и имаше 27 годишен сопственик од Србија.






