Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција ги отфри „апсолутно’ како што рече сите обвинувања и реќе дека нема нерегуларни, незаконски постапки, провизии во врска со набавката на кинеските вакцини.
„Жал ми е што тоа сето излегува во медиуми кои се блиски до опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, еве нивните сајтови и тоа што излезе во италијанскиот исто така близок до нив „Ла верита“ се документи кои ние сме испратиле до навистина многу компании со цел да добиеме што повеќе информации за можностите за набавка на вакцините.
Според министерот, „некој со ова политички сака да оствари бенефит, во кој цената ќе ја платат граѓаните и нивното здравје“.
„Владата и Министерството за здравство од почетокот на набавката комуницира со многу компании и производители. Притоа имаме два принципи, регуларност и внимателност. Оттаму, апсолутно ги отфрлам сите обвинувања дека станува збор за нерегуларни процедури и провизии. Документите кои ги објави „Ла верита“ се тие кои ги испраќаме на многу прозиводители. По неуспешноста да стапиме во директен контакт со компанијата „Синофарм“, нам ни дадоа насоки каде да се обратиме што и вроди со плод. Ние потпишавме договор и стапивме во контакт со нашата амбасада во Кина, која го извести тамошното МНР и ни укажаа дека тоа е не патот кој треба да го следиме, туку оној првиот преку кој се обидовме. Не станува збор за ништо од она за што не обвинува овие денови опозицијата“, изјави Филипче.





