Со 316 гласа „за“, 129 „против“ и 23 воздржани, пратениците на Долниот дом на мексиканскиот Конгрес го одобри одобри нацрт-законот за регулирање на потрошувачката, одгледувањето и трговијата со марихуана за лична употреба низ целата земја, што ќе треба да го ратификува Сенатот пред 30 април.
Иако Сенатот веќе ја одобри иницијативата во ноември минатата година, Сенатот сега мора да ги ратификува амандманите направени од претставничкиот дом пред претседателот Андрес Мануел Лопес Обрадор да го објави законот.
Кога законот ќе стапи на сила, Мексико ќе стане трета земја на амњериканскиот континент што ја легализира употребата на марихуана за лична употреба на национално ниво, покрај Канада и Уругвај.






