Рашковски сепак патентирал софтвер (ФОТО)

“Не сум патентирал никаков софтвер. Во Македонија не е можно да патентираш софтвер, туку само идеја – постапка”, изјави денеска екс генералниот секретар декор на владата а сегашен секретар во кабинетот на Заев.



Но документот што го анализира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски го открива спротивното, дека Рашковски сепак патентирал софтвер.

“Јас колку што читам на дипломата, има и софтвер и хардвер, пишува и кој го развил системот, има и број на патентот, има и кој ги поседува правата на патентот, а тоа е баш Драги Рашковски.
Никаде не пишува КАДЕ е патентирано.
Туку, не е само до патентот што си с’мкнат, нели Тендерашко?
*Интересен е порталот, прв ваков по влезот во НАТО, што би рекла Рада”, пишува Стоилковски во врска со системот кој наликува на тој што го набавил Рашковски а кој 8 месеци стои неупотребен.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10158845226090499&id=542940498

Рашковски измислил систем каков што самиот набавил во име на МВР