Приведен членот на СДСМ кој ги “тролаше” Заев и негови блиски луѓе

Никола Бинов, човекот кој вчера со мајки и шајки го прозва премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупче Николоски, директорката на УЈП Сања Лукаревска, екс-министерката Рената Десковска, братот на премиерот Вице Заев, неговата сопруга Зорица Заева, братучедот Трајче Заев и останатото раководство на СДСМ дека се криминалци, наркомани, проклетници, душмани на Македонскиот народ и држава доцна вчеравечер е приведен во полициската станица во Ново Лисиче, јавува порталот курир.мк.



Никола Бинов, инаку член на СДСМ од Неготино, кој во градот важи за еден од најистакнатите членови на партијата незадоволен од власта на Зоран Заев и неговата коалиција со Сашо Мијалков завчера пред Владата на Р.Македонија, седиштето на СДСМ на Бихаќка и на универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ им наброја „мајки и шајки“ на вкупното раководство на партијата, но и на семејството на премиерот Зоран Заев, пишува порталот.

Поради ова, тој е приведен во полициската станица во Ново Лисиче, каде доцна вчеравечер му е напишана пријава по даден исказ.

Извор