Меџити отворено контра Груби – нема да поддржува иницијативи на Владата

Досегашниот координатор на пратеничката група на ДУИ, Изет Меџити, отворено со критики кон првиот вицепремиер и сопартиец Артан Груби.



„Тој (Груби-н.з.) моментално ја извршува позицијата организациски секретар во организацијата што не ја познава добро. Со оставката на Атила Реџепи, тој неофицијално ја извршува функцијата генерален секретар, шеф на кабинетот и прв вицепремиер и ги контролира медиумите за самопромоција и напад на членови на партијата кои мислат поинаку. Тој се занимава со Форумот на жени, со Форумот на млади, се занимава со кадровски прашања.

Пред народот не се снајде најдобро во 2016 година  и на други избори, во партиските структури во локалниот совет ги загуби изборите, во партискиот совет не е избран“ изјави Меџити за телевизијата Алсат.

Ваквите реакции, според Меџити, не се борба ниту за функција во извршната власт ниту за наследник на функцијата-претседател на партијата. Всушност, второто, вели Меџити, е теорија измислена од Груби.

Меџити најави дека нема да ги поддржува сите иницијативи на Владата во Собранието затоа што тој веќе претставува поинаков глас, пренесува Алсат.

„Застапувам различно мислење во овој период во рамките на ДУИ, со моите забелешки до оваа извршна власт. Од позицијата пратеник ќе бидам малку послободен да ги бранам своите позиции, послободно и без претпоставка дека можам да влијаам на други пратеници или да ги ставам во незавидна позиција“ рече Меџити.