АА/А:”Бандата на Заев” е “несреќа во несреќа”

Промовирањето на планот,,Европа дома” е “мајтапење” со граѓаните од страна на Премиерот Заев.
Да се најдеш на ранг листа на ниво со Монголија во однос на нивото на корупција и да зборуваш за европски стандарди е повеќе од несериозно.



Ова е ставот на коалицијата Алијанса за Албанците на Зиадин Села и Алтернатива на Африм Гаши која смета дека Влада која тотално потфрли со менаџирање на пандемијата, која има највисока стапка на смртност и со вакцини обезбедени со “питање”, нема кредибилитет и морално право да зборува за европски стандарди дома.

“Премиерот Заев и неговата ,,банда” се една,,несреќа во несреќа” што им се случува на нашите граѓани.
Тие што ја донесоа нашата држава на ова ,,дереџе” ни зборуваат за европски стандарди. Вие г-не Премиер сте го изгубиле патот до вашиот двор, вие мислите дека со ,,google maps” ќе стигнете во Европа!?”, се вели во реакцијата на коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива.