Црни бројки од битката со коронавирусот во последното деноноќие во Македонија: рекордни 872 нови позитивни случаи за 24 часа годинава и 12 починати, меѓу кои и пациент на возраст од 45 години од Прилеп.
Бројот на новозаразени го надмина тој од 22 февруари, кога беа регистрирани 854.
Починати се 9 пациенти од Скопје на возраст од 66, 69, 78, 87, 75, 80, 75, 70 и 73 години, 4 пациенти од Прилеп (67, 86, 89 и 45), 2 пациенти од Гевгелија (73 и 73) и по 1 пациент од Тетово (72), Велес (73), Охрид (79), Кочани (72), Кичево (70), Делчево (75) и Струмица (70). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 108.350, на починати е 3.228, а бројот на активни случаи 9.300.





