Кабинетот на претседателот на Република Македонија оценува дека споделувањето на мапа со санстефанска Бугарија од страна на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачано е отворено кршење на Договорот за добрососедство.



Постапки кои се во спротивност на основните принципи и вредности на НАТО Алијансата во која и двете држави се рамноправни членки“ се вели во реакцијата од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски откако бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов на својот официјален Фејсбук профил, денот на жената 8 март го честиташе со мапа на санстефанска Бугарија, во која влегува и територијата на денешна Македонија.

„Претседателот Пендаровски, во однос на ваквите изјави кои доаѓаат од Софија секогаш укажувал дека претставуваат отворено кршење на Договорот за добрососедство и ја поткопуваат довербата меѓу двете земји и народи“, наведуваат од Кабинетот на претседателот за Радио Слободна Европа.